Масовната вакцинација кај нас истовремено со земјите од регионот, вели Заев

Скопје, 3 јануари 2021 (МИА) – Првите количини од Pfizer вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

Нагласи дека Министерството за здравство од почетокот на пандемијата, поточно веќе осум месеци е во преговори со Ковакс механизмот, за набавка на вакцини против COVID-19 на Светската здравствена организација и на Глобалната алијанса за вакцинација и во 2021 година започнуваат со активности за конечно запирање на ширењето на COVID-19.

Набавката подразбира 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.

-Веќе е потврдено дека првите количини од Pfizer вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони, истакна Заев.

Започнат е процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините против COVID-19, а сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината се вклучени во обуката со поддршка на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

-Се подготувуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Добри вести се и оние кои велат дека вакцини за нашите граѓани ќе пристигаат во исто време кога ќе пристигаат и кај некои од земјите-членки на ЕУ како што се Бугарија, Австрија, Грција, Полска и кои веќе најавија дека дел од нивните вакцини ќе бидат распоредени и за земјите од Западен Балкан, вели премиерот.

Додава дека темпото за дистрибуција на вакцините против COVID-19 го утврдува Ковакс системот.

-Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација, кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Сите земји од регионот и Европа аплицираа во тој механизам, нагласува Заев.

Во врска со критиките на опозицијата дека власта не се потрудила доволно за побрза набавка на вакцините, Заев вели дека Министерството за здравство веднаш откако се укажала можноста за директни преговори со производители на вакцини против COVID-19, стапило во контакт со произведувачи на вакцини како Pfizer и Astra Zeneca.

-Водиме преговори и со други произведувачи кои се на пазарот. Првите сериозни количини вакцини кои може да направат реална промена на иминуолошки план ќе ги добиеме во исто време со останатите земји од регионот. Масовната вакцинација во Северна Македонија ќе се случува во исто време со земјите од регионот, вели Заев.

реклама

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе