Мециновиќ: Директорот на затворот во Штип од СДС тепа студенти и активисти на Левица

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, на прес-конференција говореше за физичкиот напад на активистот од Црвена младина, Јован Јанев, од страна на функционерот од СДС и директор на КПД Штип.

„Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодоров, физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари – затоа што е политички активен во Левица и затоа што, ако режимот на Груевски ја користеше полицијата да ги тепа студентите, овој режим директно удира со своите функционери. Бараме Владата да го разреши директорот поради недозволено, недолично и противправно однесување. Бараме Ковачевски да го разреши овој клучен човек на СДС во Штип, кој, меѓу другото: во 2017 како советник во Штип и секретар во општинскиот одбор физички го нападнал директорот на ЈКП ‘Исар’ – дали ова се скалила за напредување во СДС или е само непресметлива личност за која треба хоспитализиција? На функцијата директор е поставен без соодветно образование, но затоа во негово време, покрај огромниот број бегства, се издвојува и бегството на озлогласениот затвореник Красниќи“, вели Мециновиќ.

Како што вели, затворот во Штип е предмет на сериозни инциденти, тортура и трагедии, на починати за кои не се знаат околностите и причините – за целосна негрижа.

„Медиумите пишуваат за истраги против затворски полицајци кои примаат поткуп од затвореници. Во времето на Мики Тодоров триесет затвореници во штипскиот затвор штрајкуваа со глад поради тортура и испраќаа ултиматуми до директорот. Наводи велат дека правото на посета е селективно, на осудените од 27 април не им се дозволуваат посети, а за други посетите се овозможени во текот на целата недела. Дали оваа состојба во затворот ја предизвикува насилната природа на директорот? За неговата дерегулирана состојба во медиумите се појавуваат и вести како редовно се заканува со физичко насилство на социјалните мрежи, но за еден ваков мајстор на корумпираноста и насилството, секако дека и непотизмот не е непознат. Со неговото влијание ја вработува и својата жена за раководител на сектор во УЈП Штип, а неговата сестра во основно училиште“, додава Мециновиќ и потсетува:

„Во извештајот на ЕУ за Македонија за оваа година се вели: ‘Состојбата во затворите и понатаму е очајна. Препораките на Европскиот комитет за спречување тортура на притворени и осудени лица не се адресирани, што е крајно загрижувачки’. Во извештајот условите во затворите се опишуваат како НЕЧОВЕЧКИ. СДС има една цел, тоа е да остане на власт, да ги заштити своите криминалци и насилници и да продолжи да владее со насилство и грабеж. Против Мики Тодоров ќе биде поднесена приватна тужба и кривична пријава, а очите на јавноста се вперени во премиерот во заминување Ковачевски, дали со министерот Спасовски ќе се обиде забошотување на случајот токму во нивен европски стил. Поминува нивното време на насилство“, завршува Мециновиќ.

Remote video URL

Синоќа самиот Јанев детално на Facebook го опиша нападот:

реклама

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе