Меган и Хари брутално исмеани во епизода на South Park

Откако се повлекоа од кралските должности за да си ја заштитат приватноста, светот ги исмева принцот Хари и Меган Маркл за нивното контрадикторно однесување.

Токму тие двајца станаа инспирација за новата епизода од популарната серија South Park наречена „World Private Tour“.

„Сериозно ме полудуваат. Ми се гади што слушам за нив. Но не можам да побегнам од нив. Насекаде се!“, извикува вознемирениот Кајл во трејлерот за новата епизода. Неговиот пријател Стен тогаш одговара: „Види, Кајл, едноставно не ни е грижа за некој глупав принц и неговата глупава сопруга“.

Во трејлерот, Меган и Хари се прикажани како патуваат низ светот со транспаренти „Сакаме приватност“ и „Престанете да гледате во нас“.

Во епизодата има и сцена што се случува на сетот на ТВ-шоу.

„Живеевте со кралското семејство. Имавте сè на располагање, но велите дека животот ви бил тежок. Сè за тоа напишавте во вашата нова книга Waaah“, им вели водителот.

Сопругата на принцот тогаш одговори: „Реков, треба да напишеш книга бидејќи кралското семејство е глупаво, а исто така и новинарите“.

Потоа водителот го прашува принцот: „Зарем не е вистина, господине, дека вашата сомнителна сопруга има свое ТВ-шоу и се дружи со познати личности и се појавува во модни списанија? Мислам дека некои луѓе би можеле да речат дека вашата кучка од сопруга која го обожава Instagram всушност не сака приватност“.

„Како се осмелувате, господине?“, се налутува принцот и нагласува дека тој и неговата сопруга „која отсекогаш ја сакала нејзината приватност“ се преселуваат во Саут Парк.

Секако, тие се вселуваат во куќата спроти домот на Кајл, кој им се жали на пријателите: „Нивниот огромен авион е паркиран пред мојата куќа и постојано сакаат да им ја купам книгата“.

реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе