Mercedes ќе пензионира еден од најубавите модели

Беше (и остана) еден од најубавите Мерцедеси во овој милениум.

Кога се појави на саемот за автомобили во Женева во 2004 година, беше вистинска револуција на пазарот на спортски седани. Погодувате, зборуваме за моделот CLS, кој во меѓувреме доби три изданија, а потоа беше шаблон за помалиот CLA.

Идејата за купе со четири врати беше ископирана од конкуренцијата, така што се создадени чудните модели на Audi (A5 Sportback, A7), верзиите Gran Coupe на BMW, VW Passat CC и други. Тоа беше големо достигнување бидејќи во тоа време теренците и некои кросовери веќе тргнаа да го освојуваат светот.

Веста за откажувањето ја објави Car Expert, а потоа веста ја потврдија и од The ​​Drive, на што потврдија од Mercedes:

„Земајќи го предвид глобалниот потенцијал за раст и како дел од нашето стратешко планирање на портфолиото на производи, решивме да го завршиме животниот циклус на CLS на 31 август 2023 година, со преминот на E-Class во серијата модели 214.“

Откажувањето на CLS не треба да изненадува бидејќи истото требаше да се случи и порано, веќе на почетокот на оваа година. Сепак, на многумина ќе им недостига овој модел кој само малкумина можеа да си го дозволат. Со револуционерен дизајн, CLS го донесе најдоброто од двата света, нудејќи ја практичноста на седан, додека ја задржува безвременската елеганција на купе.

Да го споменеме и AMG GT 4-Door, модел кој пристигна токму по идеја на CLS, а во понудата се појави дури во 2018 година. Погодувате, деновите на овој модел се избројани.

Како што беше претходно познато, купе и кабрио од E класата ќе бидат повлечени и заменети со моделот CLE. GLC и GLE Coupe ќе живеат уште една генерација, а караван моделите од класата C-, E- и CLA наскоро може да бидат прекинати, објавија претходно Car & Driver.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе