Mercedes пресече: Поевтините бензинци ни се поважни од автомобилите на струја

За Mercedes, поевтините бензински мотори стануваат приоритет во однос на електричните модели, сè со цел да се подигне продажбата на задоволително ниво.

Електрификацијата очигледно не напредува со очекуваниот интензитет, особено во Америка каде цената е одлучувачки фактор за многумина при изборот на нов автомобил. Mercedes затоа го пренасочи својот фокус кон автомобилите на почетните нивоа, вклучително и поголема палета на модели придвижувани од мотори со внатрешно согорување.

Mercedes, наводно, им го открил ова на своите дистрибутери на состанокот одржан во јануари оваа година. Фокусот се префрла на основните модели, а во случајот на Mercedes тоа е и моделот GLC. Истовремено ќе се зголеми и темпото на производство на бензин и хибриди. Сè што е кажано (досега) важи за американскиот пазар и претставува корекција на деловните потези многу слични на оние што ги избра Nissan, пишува Motor1 повикувајќи се на AutoNews.

Се чини дека аналитичарите имаат позитивен став за оваа промена.

„Mercedes е во контакт со реалноста наместо да се обидува да ја промени“, изјави директорот на Edmunds Insights, Иван Друри, за Autonews.

„Минатата година покажа дека можете да летате високо додека не го изгубите контактот со реалноста. Основните модели им даваат на потрошувачите вкус на она што следува, но само ако можат да си дозволат да останат во рамките на брендот“.

Со оваа идеја се согласуваат и продавачите. Велат дека повеќе би сакале да продаваат поевтини модели што ги имаат на залиха до 30 дена и да имаат помал индивидуален профит отколку да чуваат скапи електрични автомобили од 100.000 долари на залиха половина година и да губат пари на нив.

Дополнително, некои сопственици на салони истакнуваат дека клиентите на Mercedes и не бараат електрични модели.

„Повеќето од нашите врвни клиенти кои бараат автомобили ориентирани кон перформансите ќе изберат бензински мотор наместо електричен мотор“, рече еден неименуван извршен директор.

Mercedes потврди дека во текот на оваа година американскиот пазар ќе се збогати со дури 25 нови модели, меѓу кои акцентот е ставен на електрифицираните модели со погон на фосилни горива. S класата и GLE добиваат plug-in хибриди, а GLC доаѓа наесен.

„Многу сме среќни што ќе го донесеме на пазарот она што е потребно, а тоа е вистинската рамнотежа помеѓу производите на ICE, електричните производи и сега, исто така, додавањето на PHEV во комбинацијата“, рече Шенол Бајрак, директор за продажба во Mercedes-Benz USA.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе