Меси: Ако не се промениме ќе изгубиме и од Наполи во ЛШ

Ѕвездата на Барселона е загрижен за формата на тимот по бламажата завчера против Осасуна, пораз кој стави капак на лошата форма на Каталонците.

Лео Меси веројатно не памети кога Барселона била во полоша форма од сега. По трите нерешени со кои дозволи Реал Мадрид да направи разлика на врвот, Барса врза три победи од кои две килави со по 1:0 над слабите Еспањол и Ваљадолид, а последно што направи е поразот дома 1:2 од Осасуна.

„Не очекувавме, ниту пак сакавме Ла Лига да заврши на овој начин. Сепак, тоа е нашето лице сезонава. Бевме неконзистентни, слаби, противниците нѐ победуваа со интензитет и лесно ни дава аголови. Изгубивме премногу бодови кои не требаше да ги изгубиме“, вели Меси.

„Мора да бидеме самокритични, почнувајќи од играчите, но вклучително и целиот клуб. Реал победи на сите нивни натпревари, но ние сме Барселона и сме обврзани да победуваме на секој натпревар. Мора да се погледнеме себеси, не противниците. Она што го одигравме на последните натпревари остава простор убаво да се замислиме“, смета Аргентинецот.

Со едно коло до крајот во шпанската Лига, Барселона ќе заврши како втора. Она што им останува на Каталонците е Лигата на шампионите каде на 8 август ги чека реваншот од осминафиналето против Наполи. Првиот натпревар во Неапол заврпи 1:1.

„Скоро реков дека доколку продолжиме вака како што играме ќе ни биде тешко да ја освоиме Лигата на шампиони, а веќе се покажа дека не беше доволно ни да се освои Ла Лига. Ако не преземеме нешто и не ги промениме работите, тогаш нема да го победиме Наполи“, заврши Меси.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе