Меси го сака Биелса на чело на Барса

Најдобриот фудбалер на Барселона и шесткратен освојувач на наградата Златна топка, Лионел Меси, сака промена на позицијата тренер во клубот од стадионот „Камп Ноу“.

Според британските медиуми, Меси, кој откако ја загуби титулата во Ла Лига, ја критикуваше играта и ситуацијата во целиот клуб, смета дека е крајно време за промени.

Оттука, тој апелирал до челниците на Барселона да направат сѐ за да го доведат досегашниот менаџер на Лидс Јунајтед, Аргентинецот Марсело Биелса.

После две години работа во Јоркшир, Биелса успеа да го врати Лидс во Премиер лигата по 16 години, а Меси верува дека тој би бил идеалниот тренер за „Блаугранас“.

URL

Се чини дека деновите на Кике Сетјен на „Камп Ноу“ се одброени, иако тој доби поддршка од клубот за да го води тимот во Лигата на шампиони.

Се верува дека претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу сака да го доведе поранешниот играч на Барселона, Чави Ернандес, на позиција тренер, но тој е прилично резервиран за враќање во клубот каде имаше голем успех како играч.

Затоа Меси смета дека неговиот искусен сонародник Биелса, која неодамна го прослави својот 65-ти роденден, би бил идеален кандидат за спроведување на значителни промени.

Факт е дека Биелса допрва треба да ја продолжи соработката со Лидс, а доколку навистина пристигне понудата на Барселона, прашање е како клубот од Јоркшир ќе го задржи.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Фудбал

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе