Месут Озил поради повредите објави крај на кариерата

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал одлучи да замине во пензија на 34-годишна возраст.

Офанзивецот од средниот ред, кој за Германија одигра 92 натпревара и во 2014 беше дел од репрезентацијата што стана светски шампион на Мундијалот во Бразил, ги бранеше боите и на Шалке 04, Вердер, Фенербахче и Истанбул Башакшехир за време на својата 17-годишна кариера.

Озил сезонава беше под договор со клубот од Истанбул за до крајот на сезоната, но проблемите со повредите го натераа превреме да се откаже.

„По длабоко размислување, го објавувам моето пензионирање од професионалниот фудбал“, напиша денеска на својот личен профил на Twitter.

„Имав привилегија да бидам професионален фудбалер за речиси 17 години и се чувствувам екстремно благодарен за таквата шанса. Но, во последниве недели и месеци, откако се здобив со некои повреди, ми стануваше сѐ појасно и појасно дека е време да ја напуштам големата фудбалска сцена“.

„Беше неверојатно патување исполнето со незаборавни моменти и емоции. сакам да им се заблагодарам на моите клубови - Шалке 04, Вердер, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче, Башакшехир и тренерите што ме поддржуваа, плус соиграчите што ми станаа пријатели. Посебна благодарност до мојата фамилија и најблиските пријатели. Тие се дел од моето патување од првиот ден и ми пружија многу љубов и поддршка, за време и на добрите и на лошите периоди. Благодарност и до моите фанови кои ми даваа љубов без разлика на околностите и за кој клуб настапував“, пишува тој.

„Сега гледам напред кон сето она што е пред мене со мојата убава сопруга Амине и моите две прекрасни ќерки Еда и Ела - но, бидете сигурно дека ќе слушате од мене од време на време на моите профили на социјалните мрежи. Се гледаме наскоро, Месут!“, заврши Озил.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе