Мицкоски: Пратениците да го поддржат законот со кој ќе се продолжи важноста на личните карти и пасошите

При денешната посета на Општина Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар за состојбата со пасошите истакна дека поради лошите политики на СДСМ и ДУИ граѓаните се затвореници во сопствената држава, а единствен начин да се стави крај на тоа е да се поддржи иницијативата за законот во Собранието, со кој што ќе се продолжи важноста на личните документи – личните карти и пасошите.

„Што се однесува до кризата што ја наметна владата на СДСМ и ДУИ со своите кадри во Министерството за внатрешни работи изминативе години, а тоа е во издавањето на патните исправи или пасошите, ние коментираме повеќе од еден месец. Јас лично реков дека неодговорниот однос и незнаењето, би рекол, непочитувањето кон граѓаните, што го имаат раководните кадри на СДСМ и ДУИ во МВР, работењето исклучиво да се прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, мене лично, луѓето околу мене, а да не се работи за државата и тоа што е потребно за граѓаните, доведе да се случи ова што се случува“.

„Многу едноставна работа, не е во прашање политика, во прашање е физика и математика. Вие во овој момент имате повеќе од милион граѓани коишто треба да извадат нови патни исправи или пасоши, околу милион и 100 илјади, имате две машини што работат од 7 до 10 часа на ден, секоја од нив има капацитет 120 патни исправи, како сакате во идеални услови да работат, да нема никаков испад, да нема никаков дефект, да има навремено обезбедено обрасци, вам ви се потребни повеќе од две години за да биде потребата задоволена. Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е тој виновникот кој што ги доведе граѓаните во оваа подредена положба, а и Македонија во подредена положба“.

„Видовте на навремената акција на министерот на МВР, техничкиот Панче Тошковски, во парламентот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа измени во законот за возачките дозволи и фала му на Бога се донесе тој закон во експресна процедура и барем возачите во Македонија нема да плаќаат казни затоа што некој ги остави на цедило затоа што на време не обезбеди да тие можат да ги заменат возачките дозволи. Уште еднаш, голема благодарност и до техничкиот министер Панче Тошковски, но и до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и останатите во македонскиот Парламент кои што ја подржаа иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и се донесе оваа измена со која што практично се продолжи рокот на важење на возачките дозволи“.

„Истовремено, апелирам до пратениците, без разлика од која политичка партија доаѓаат, да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ и истото тоа да го направат и за личните карти и за пасошите. Еве, беше Талат Џафери во Брисел, помина, се гоштеваше, газеше црвени теписи таму и се врати назад, нема резултат. Тоа може да се случи само во македонскиот Парламент. Ги повикувам пратениците да стават крај на голготата на македонските граѓани, да не бидеме затвореници и притвореници поради лошите политики не државните политики, а националните политики на владата на СДСМ и ДУИ и да не бидеме притвореници во овие 26 илјади квадратни километри. Има единствен начин да се стави крај на тоа, а тоа е да се поддржи законот со кој ќе се продолжи важноста на личните документи – личните карти и пасошите“, нагласи Мицкоски.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе