Microsoft ја уништи една од најдобрите функции на Xbox

Microsoft е јасен - нема повеќе емулација на игрици на конзолите на Xbox.

Доколку сакате да се почувствувате носталгично и да ги играте сите оние наслови што сте ги сакале кога сте биле помлади, се плашиме дека повеќе нема да можете да го правите тоа на конзолите од серијата Xbox S/X, бидејќи Microsoft штотуку објави ажурирање што го блокира работењето на емулаторот од Microsoft Store.

Сопствениците на Xbox од самото лансирање можеа да стартуваат емулатори и да играат игрици од постари системи, а Xbox Series S брзо се покажа како едно од најдобрите решенија за оваа намена. Не само што оваа конзола е доволно моќна за да работи сѐ што се бара од неа, туку е и најевтината машина од новата генерација, па гејмерите релативно прифатливо би можеле да ја прошират библиотеката со достапни наслови и да уживаат во старите и новите игрици.

Сепак, оние што ја користеа оваа функција беа пречекани со порака по најновото ажурирање дека емулаторот не може да се стартува бидејќи ја прекршува политиката на Microsoft Store.

Ова, сепак, не е изненадувачки развој. Иако софтверот за емулација е целосно легален, пуштањето игрици не е, или е барем во сивата зона, така што многу компании сметаат дека емулаторите се платформа за пиратерија. Всушност, Microsoft во својата политика за користење веќе нагласи дека не поддржува емулација на своите конзоли, но дури сега одлучи да застане на патот на оваа форма на забава на ниво на оперативниот систем.

За среќа, сè уште не е сè изгубено. Програмерскиот режим, кој ги чини корисниците 20 долари, сè уште може да работи емулатори преземени надвор од Microsoft Store, но оние што не сакаат да платат ќе мора да се помират со новата одлука.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе