Microsoft ја зголемува цената на Xbox игрите од 2023 година

Сопствениците на Xbox конзолите ќе плаќаат повеќе за игрите развиени од Microsoft почнувајќи од следната година.

Зголемувањето на цената на игрите на 70 евра изгледа неизбежно во време кога го гледаме поскапувањето не само на технологијата, туку и на другите производи и услуги поради економската криза. Последниот пример за ова доаѓа од Microsoft, кој долго време се противеше на оваа одлука.

Microsoft соопшти за IGN дека, почнувајќи од 2023 година, игрите развиени од студијата во нивна сопственост ќе поскапат од 60 на 70 евра. Оваа одлука се однесува на наслови како Starfield, Redfall и следното издание на Forza Motorsport, кое ќе биде објавено за Xbox Series S/X конзолите, но не и за Xbox One.

И покрај тоа што долго време се спротивставуваше на поскапувањата, за да не ја придобие публиката откако Sony ја покачи цената на своите конзоли, овој потег не ни е изненадување, бидејќи компанијата веќе ја најави оваа можност на крајот на октомври.

Оваа одлука е слична на одлуката на Sony, која наплаќа 70 евра за сопствените игри на PlayStation 5 и 60 евра за PlayStation 4 игрите. Ubisoft и Take-Two Interactive исто така донесоа слична одлука за покривање на зголемените трошоци за развој. Сепак, ова зголемување на цената можеби нема да има исто влијание врз Xbox поради разликата во деловните модели на Microsoft и Sony. Јапонската компанија применува цена од 70 евра за своите меѓугенерациски игри, наплаќајќи им на корисниците 10 евра за надградба на наслови како God of War Ragnarok од PS4 на PS5. Од друга страна, надградбата на игрите како Forza Horizon 5 од Xbox One на Xbox Series конзоли не чини ништо, а Microsoft сепак наплаќа 60 евра за играта меѓу генерациите.

Исто така, бизнис моделот на Microsoft во голема мера се врти околу претплатата за Game Pass, која нуди широк избор на игри, вклучувајќи игри од студијата во сопственост на Microsoft. Дополнително, на претплатниците им се достапни попусти при купување игри кои не се во каталогот Game Pass. Од друга страна, претплатата за PlayStation Plus вклучува попусти, но не и за нови игри од прва страна.

Иако поскапувањето на игрите е нешто што имавме можност да го видиме претходните години, 70 евра не се „плафон“. Новите игри редовно се продаваа за 60 или 70 долари во текот на 90-тите, и тука не ја вбројуваме инфлацијата во тие бројки. Цените паднаа дури кога почнаа да пристигнуваат на CD-а поради помалите трошоци за производство и се стабилизираа околу 50 евра кога беше актуелен PlayStation 2. Сепак, видовме скок до 60 евра во ерата на PlayStation 3 и Xbox 360, а секој иден обид за зголемување на цената беше проследен со гласни протести поради помалите трошоци за дигитална дистрибуција.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе