Мicrosoft најави укинување на LinkedIn во Кина

Компанијата Microsoft најави дека ќе ја укине локалната верзија на  LinkedIn во Кина, која беше последната американска социјална мрежа што продолжи со работа во таа земја.

Во соопштението на Microsoft се наведува дека LinkedIn ќе биде затворен поради зголемените предизвици на деловното опкружување и зголемените барања за ускладување со новите прописи во Кина, пренесе CNBC.

Наместо тоа, американскиот џин во Кина ќе покрене веб сајт за вработување кој нема функција на социјална мрежа.

LinkedIn е воведен во Кина во 2014 година со ограничени функции, осмислен да биде во склад со строгите закони за интернет во таа земја.

Одлуката за укинување е донесена откако кинескиот интернет регулатор му наложи на  LinkedIn во март подобро да ги модерира содржините за што на компанијата и беше даден рок од 30 дена, објави Wall Street Journal.

Новата платформана Microsoft, наречена InJobs, нема да вклучува социјални содржини ниту ќе овозможува корисниците да споделат објави или статии.

Според податоците на статиста, Кина е третиот најголем пазар на американката компанија. Microsoft го купи  LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.

Тагови
реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Изгледот на стапалата на Роналдо загрижува, 22 години кариера си го направи своето

Read more

Интернет

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Read more

Што се случува кога ќе кликнете „Не сум робот“?

Read more

YouTube воведе голема промена

Read more

Русија гради свој Starlink: Сигналот ќе стигне до секој агол на Земјата

Read more
 

Гик

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Читај повеќе

Откриена непозната планета со океани што вријат, вода врела како за готвење

Читај повеќе

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада

Читај повеќе

Откриен џиновски вулкан на Марс - како не сме го виделе досега?

Читај повеќе
  • filter

Поголем е од Boeing 747-8: WindRunner станува најголемиот авион во светот

Читај повеќе

PlayStation 5 Pro е до трипати побрз, се очекува на крајот на годината

Читај повеќе

Треба да јадеме питони, велат научниците

Читај повеќе

Што се случува кога ќе кликнете „Не сум робот“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Научници во Јужна Кореја измислија „говедски ориз“: Би можело да го замени месото

Читај повеќе