Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денес се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишна затворска казна за случајот „Империја“, потврдија за МИА од Управата за извршување на санкции.
Претходно Мијалков склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“, по што ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.
Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.