СЕРИЈА А 2019/20

Михајловиќ против Sky: Ниту збор за Болоња, личите на канал на Интер

Стратегот на Болоња му се налути на Sky кој за изненадувачкиот пораз на Интер од неговиот тим во преден план го стави киксот на гигантот, наместо подвигот на Болоња.

По синоќешниот пораз на домашен терен од Сасуоло со 1:2, Синиша Михајловиќ одби да даде изјава за новинарите на Sky Calcio.

Тренерот на Болоња откри зошто почнал да го бојкотира најпознатиот италијански спортски канал. Популарната емисија „L'Originale“ на Sky, каде се анализираат калчо натпреварите, според Михајловиќ го бојкотирала неговиот тим и не му дала никаква пофалба за победата. Напротив, анализирале само зошто Интер загубил.

„Со играч помалку успеавме да победиме. Беше гостин и Бергоми, меѓу другите и половина час ги слушав како зборуваат и ниту еднаш не кажаа ниту еден збор за Болоња. Тоа е срамота, небаре се Inter Channel. Срамота, пола саат за Интер, а ниту збор за Болоња. Ниту еден не одвои ни минута да каже нешто“, налутено изјави Михајловиќ за La Gazzetta dello Sport.

Во неделата Болоња изненадувачки триумфираше на „Меаца“ над Интер со 1:2, а неговиот тим иако губеше со 1:0 потоа двата гола ги постигна со 10 играчи.

Водителот на Sky, Алесандро Бонан, проба да ја разјасни ситуацијата.

„Аназизата беше за чудниот резултат на Интер. Натпреварот се играше од 17:15, а емисијата беше доцна вечерта, така што не беше по натпреварот туку беше коментар каде се зборуваше за срамниот пораз на Интер. Жал ми е што Михајловиќ избрза со такво зборови“.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе