Милан го краде Лингард од Манчестер Јунајтед?

„Црвеноцрните“ од Милано се сериозно заинтересирани за офанзивецот чиј договор со Јунајтед завршува во јуни.

Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, Милан сака да ја искористи ситуацијата откако странува сѐ појасно дека Лингард нема да потпише нов договор. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за продолжување на соработката, но играчот упорно одбива и е решен да си замине.

Џеси Лингард може да игра и како офанзивен играч од средиот ред, но и како крило, што му дава дополнителни опции на Милан во офанзивата. Со оглед на тоа што би пристигнал беспари, за „Росонерите“ тоа е добитна комбинација - солиден нов играч без трошок за отштета.

Причината поради која Лингард е решен да го напушти „Олд Трафорд“ е малата минутажа која ја добива во клубот. Сезонава или влегува од клупа, или преседува на клупата, а само еден натпревар го почна од почеток и тоа во Лига купот. Минатата сезона втората полусезона ја мина како позајмен во Вест Хем, каде беше стандарден.

Лингард е дете на Јунајтед кое излезе од академијата на клубот. Досега освен во Вест Хем има играно како позајмен и во Лестер Сити, Бирмингем Сити, Брајтон енд Хоув Албион и Дерби Каунти.

Евентуалниот трансфер во Милан не само што би му бил прв во кариерата, туку и за прв пат би го напуштил Островот.

Од 2016 е репрезентативец на Англија со 32 одиграни натпревари и 6 голови, но отпадна од списокот за ЕУРО 2020, а месецов не беше повикан токму поради минутажата во Јунајтед. Играше на Мундијалот во Русија во 2018 кога Англија го освои 4. место.

На 15 декември ќе наполни 29 години.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе