Милан не се откажува од Ибра, но ќе му ја намали платата

Златан Ибрахимовиќ наскоро треба да се сретне со Паоло Малдини и Рики Масар и да започне преговори за продолжување на договорот.

Шведскиот ас, лидерот во соблекувалната на Милан, нема уште долго да биде на теренот, но клубот покажува интерес да го задржи и следната сезона.

По шампионската сезона во која повредите го спречија на 23 настапи во првенствените натпревари, како и постигнувањето на осум гола и три асистенции, Ибрахимовиќ направи операција на коленото. Според италијанските медиуми, неговото враќање на терените не треба да се очекува пред јануари.

Со договорот со важност до крајот на јуни, јасно е дека Ибрахимовиќ и Милан мора да донесат одлука за продолжување или раскинување на соработката. Информациите на италијанските медиуми навестуваат останување на Ибрахимовиќ во клубот, но со значително поинакви услови од досегашните.

Неговите седум милиони евра по сезона, според кои беше најплатениот фудбалер на Милан, ќе бидат драстично намалени, а Ибрахимовиќ за следната сезона би можело да биде платен според бројот на одиграни натпревари.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе