Миленковски: На Вардар му треба помош веднаш, а не ветувања и лицемерие

Еден од водечките луѓе на навивачката група Комити се огласи откако Вардар по двегодишна пауза одигра прволигашки натпревар, но финансиските проблеми и натаму го мачат македонскиот најтрофеен клуб.

Фото: ФК Вардар Скопје

Вардар во неделата загуби со минимални 1:0 на гостувањето кај новобрендираниот АП Брера Струмица. Наредниот викенд следува и првиот домашен натпревар, и тоа против лутиот градски ривал Шкупи. Ќе помине и тој дуел, но проблемите се чини ќе останат.

По тој повод со свој коментар на се јави Милорад Миленковски, еден од предводниците на Комити.

„Сезоната започна, Вардар го одигра својот прв прволигашки натпревар по цели две години.

Го доживеавме првиот пораз, првата тага, како еден мал чекор назад, во многуте чекори кои ги изодевме и треба да продолжат во вистински правец.

Се почувствува дека и максималниот ангажман на теренот, не е доволен за остварување на позитивен резултат, со силите со кои располагаме, иако видно ослабени поради неиграњето на Нијаз (повреда), Демир (долга пауза), како и странците Педрињо, Матеус и Алаведра (доцнење со документација). Исто така нешто што остави впечаток беа 'полесните нозе' на противникот, и подобрите физички можности, кои по мене го одлучија победникот.

Но, игрите на теренот не загрижуваат толку колку што загрижува ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА НЕГРИЖА, демонстрирана од сите страни:

1) ПУИГ, УЈП и ВЛАДАТА покажаа игнорантски однос кон нашите барања, и изненадувачки не ја препознаа искрената енергија и страста со која го поттикнавме решавањето на проблемите кај 'Клубот на Народот', предизвикани од други, но продлабочени најмногу поради негрижата на самите институции.

2) Општините по декларативната поддршка која ја дадоа, не застанаа цврсто со нас, иако условот за преземање на клубот од Комити, со цел тоа да се случи, веќе е исполнет.
Единствена реална поддршка има од Општина Аеродром со реновирањето на теренот, и од Гази Баба со теренот во Маџари. Кисела Вода помогна за време на бараж натпреварот, и од таму сите очекуваат можеби најмногу.
Другите општини не покажаа никаква иницијатива за сега. 
Финансиска поддршка за сега нема, иако некои општини имаат изгласано во редовен буџет (Аеродром) или ребаланс (Кисела Вода).
Сѐ повеќе владеат сомнежите дека тие заедно, а можеби и координирано ги користат алатките кои ги имаат за наше исцрпување од финансиски, физички и морален аспект, со цел играње на картата на други. Но, во ред, и да е така, ајде тоа да го констатираме, или аргументирано да го демантираме.

3) Независен Вардар - Клуб на Народот, не може да има доколку клубот се потпира на луѓе кои чекаат наредби 'од горе'. Независен Вардар може да биде само доколку народот, ослободен од сите пранги (ментални и физички), има висока колективна и национална свест. Основата на Вардар би требало да бидат независните патриоти, кои го сакаат клубот и го разбираат значењето на она што тој претставува.
Основата на Вардар треба да бидат храбри претприемачи, решителни луѓе кои размислуваат здраворазумно, обични охрабрени граѓани, патриоти, 'легендите', Македонците - Народот кој го сака Вардар.

4) Град Скопје. 
По изгласувањето на Ребалансот и иницијативата за помош на ФК Вардар, очекуваме конкретен чекор, и конечно реализација, затоа што евентуалното одолговлекување, им оди во прилог на оние кои сакаат клуб на Олигарси на кои самите 'служат', а не народот кој треба да биде основата на клубот.
А очигледно е дека ќе се одолговлекува и ќе се политизира, бидејќи задоволувањето на сите е важно, освен излегувањето во пресрет на Вардар (ветувања има, реализација нема). Да не се лажеме, љубовта кон Вардар се знае како се покажува, искрено и од срце, тоа се гледа, не може да се сокрие кога постои, но за сега постои само лицемерие.

Никој не треба да си дозволува себеси да се поставува над народот.

Никој не смее да си дозволи да му ја украде победата на својот народ.

Никој не смее да си дозволува да го деморализира својот народ.

Како кула од карти може да се сруши единствената позитивна и охрабрувачка приказна во мрачното секојдневие на ова истрошено од вистински вредности општество. А за жал наместо реална поддршка, добиваме дополнителни сопки.

Оваа борба ја водиме волонтерски, и од искрени побуди, затоа заслужуваме барем да не ни се 'штелуваат' ситуации.

Или помогнете, или барем кога не помагате, не ни одмагајте.

Ние како и да е ќе продолжиме да се бориме, и на нозе ќе ги издржиме понижувањата и отежнувањата, кои очигледно ќе продолжат да ни се сервираат, што и да направиме. Затоа што станува очигледно дека на ова општество кое е длабоко потонато во кал и депресија, не му е потребна подадена рака ниту надеж.

И секогаш за жал преовладува оној момент кој стои во прирачникот за самоуништување, а тоа е прашањето поставено кон самите себеси - Зошто тој, а не јас? Зошто тие, а не ние? Зошто Вардар кога молкот носи личен бенефит.

Затоа за инает на сите душмани, но пред сѐ за љубовта кон Вардар. Затоа што Вардар е причина да се живее, но и мотив да се брани по секоја цена.

НЕМА МОЛЧЕЊЕ !
НЕМА ДЕМОРАЛИЗАЦИЈА !
НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ !
БОРБА ДО КОСКА !“, стои во неговата објава.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе