Милер не доби повик за репрезентацијата

Една од најголемите ѕвезди на Баерн и германската фудбалска репрезентација Томас Милер (33) не доби повик од тренерот Ханси Флик, одлука која ја изненади тамошната јавност и која самиот Флик на крајот мораше да ја објасни.

Иако се очекуваше Милер да се повлече од репрезентацијата по елиминацијата на Германците во групната фаза на Светското првенство во Катар, напаѓачот на Баерн не ја одбра таа опција и очекуваше да продолжи да настапува за националниот тим, но плановите му ги смени тренерот кој не го покани.

Како што рече Флик, тоа не значи дека неговата кариера во германската репрезентација е завршена, и дека претходно му објаснил зошто нема да биде повикан.

„Разговарав со Томас и му објаснив дека нема да го повикам за натпреварите во март и јуни. Но, морам да кажам дека тоа не значи дека неговата кариера во репрезентацијата е завршена и дека нема да има место во тимот на Европското првенство“, рече тој Флик.

После се зборуваше и Милер кој рече дека тој и тренерот се ценат.

„Најавено е дека Ханси Флик нема да ме покани на следните два собири. Се цениме еден со друг и ќе продолжиме да бидеме во добри односи, а ќе видиме што ќе биде понатаму, навивам за тимот во првите мечеви годинава. Сакам да ја искористам оваа пауза за подобро да се подготвам за предизвиците со Баерн, доаѓа решавачкиот дел од сезоната и мојот глад за трофеи е сè уште ист“, рече Мулер.

За германската репрезентација Милер одигра вкупно 121 натпревар и постигна 44 голови.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Фудбал

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе