Минатата недела за 22,7% намален бројот на новозаболени од COVID-19

Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на COVID-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7% во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово.

Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3% во возрасната група 10-19 години.

Оздравени се 3.197 лица, или 14,6% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид - 5.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, 37,2% помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more
 

Вести

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе