„Mindhunter“: Втора сезона со највисоки оцени
Мистериозната серија на Netflix за три дена доби највисока оценка на Rotten Tomatoes.
Серијата „Mindhunter“ ги воодушеви гледачите уште со првата сезона, а втората сезона за кратко време ја доби највисоката оценка на сајтот Rotten Tomatoes, со неверојатни 100 %. На IMDb доби оцена 8,6.
Во серијата се зборува за ФБИ агентите Холден Форд и Бил Тенч кои се обидуваат да навлезат во умот на изопачените сериски убијци, силувачи и злоставувачи. Ликовите во серијата се базирани на вистински приказни.