Министерката за култура Ирена Стефоска денеска на својот официјален Facebook профил соопшти дека е во самоизолација, бидејќи член од нејзиниот кабинет е позитивен на COVID-19.
– Ве известувам дека член од мојот кабинет е позитивен на COVID-19 и согласно протоколите, од денес сум во самоизлоација. Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на КОВИД тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи, напиша Стефоска.
Додава дека изминатиот период доследно ги почитувале заштитните мерки.
– Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места, напиша министерката.
На оние кои се борат со COVID-19 им посакува побрзо опоравување, да останат силни и истрајни.