Мисијата Artemis 2 ќе користи ласери за пренос на HD фотографии и снимки од Месечината

Астронаутите што ќе бидат дел од мисијата Artemis 2 на НАСА ќе тестираат ласерска комуникација на патот околу Месечината со цел побрз пренос на фотографии и видеа.

Американската вселенска агенција НАСА користи ласери за да ја подобри комуникацијата меѓу вселенските летала. Во минатото се потпираше на радио-сигнали испратени преку нејзината мрежа за длабока вселена за на Земјата да ги пренесе сите видови научни податоци од длабоките вселенски сонди. Сепак, ласерите имаат потенцијал значително да го зголемат количеството на податоци што може да ги испрати вселенско летало, а НАСА сега е подготвена да ја тестира оваа технологија за време на патувањето околу Месечината.

Станува збор за ласерска комуникација во форма на терминал Orion Artemis 2 Optical Communications System (O2O), што ќе се користи за време на мисијата Artemis 2. Во оваа мисија ќе учествува и екипаж, кој ќе тргне на патување околу Месечината.

„Системот O2O во капсулата Orion ќе испраќа на Земјата фотографии и снимки со висока резолуција од лунарниот регион“, соопшти НАСА. Ако сѐ оди според планот, системот треба да им овозможи на гледачите на Земјата да ја видат Месечината во реално време како никогаш досега.

За да ја постави основата за идните ласерски комуникации, НАСА лансираше неколку демонстративни сателити во текот на изминатите неколку години. Laser Communication Relay Demonstration (LCRD) беше лансиран во декември 2021 година како прво ласерско рилеј на американската агенција. Следеше лансирањето на TeraByte InfraRed Delivery (TBIRD) CubeSat минатата година, кој достигна брзина на пренос на податоци од 200 GB во секунда.

Сега НАСА се подготвува да го лансира терминалот LCRD Low-Earth-Orbit (LEO) User Modem and Amplifier Terminal (ILLUMA-T)m за да се приклучи на јапонскиот експериментален модул на Меѓународната вселенска станица. Откако ќе биде оперативен, ILLUMA-T ќе пренесува податоци на Земјата преку LCRD и ќе ја постави основата за системот O2O што ќе биде на капсулата Orion за време на мисијата Artemis 2.

НАСА планира на Земјата да пренесува фотографии и видеа во реално време или речиси во реално време за време на мисијата Artemis 2, па се очекуваат спектакуларни глетки.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе