Остров во јужниот Пацифик, којшто можеше да се види на Google Maps, ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Според пишувањето на Mirror, истражувачите не успеале да пронајдат нешто.
Чудниот појас копно, познат и како Песочен Остров долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на Google Earth беше поразлична од другите oкoлни острови.
Но, истражувачите не пронајдоа ништо друго освен морски бранови, открија дека длабочините на океанот се над 1.400 метри и заклучокот е дека е невозможно да се крие нешто под вода што би било видливо.
– Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, што е прилично длабоко. Тоа се појави на Google Earth и други мапи, па отидовме да провериме и – немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно, вели Марија Сетон од Универзитетот во Сиднеј за AFP.