Да се има пари и да се биде богат се смета за еден од петте најважни услови за среќа, иако бројни студии покажуваат дека патот до среќата е многу сложен.
Според Пол Долан, авторот на бестселерот „Засекогаш среќни: Како да се избегне митот за совршен живот“, најголемата стапица е да станете зависник и секогаш да сакате уште повеќе. Затоа е клучно да знаете како да препознаете кога е доволно.
Иако границата за то аколку се важни парите варира, според најпознатото истражување спроведено од економистите Даниел Канеман и Ангус Дитон, врв на среќниот живот за Американците е кога заработуваат 75.000 долари годишно. Потоа следат прекумерна потрошувачка и екстраваганција, кои носат сè помалку задоволство, и сè повеќе и повеќе грижи. Оние кои заработуваат 10 милиони долари годишно се само малку посреќни од луѓето кои работат за нив.
Покрај богатството, Долан верува дека постојат уште четири митови за среќата: да се има успешна кариера, да се биде заљубен, да се биде во брак или да се има деца. Да се банкар или адвокат, вели тој, не ги прави луѓето посреќни од тоа да се фризер или продавач на цвеќиња.
„Добра работа е онаа во која се чувствувате добро, а не онаа што носи поголема заработка“, вели Долан.
Честопати луѓето, исто така, погрешно пристапуваат кон љубовта, очекувајќи дека заљубеноста трае цел живот, но таа брзо добива нови форми токму за да се овозможат други цели во животот.
Четвртиот мит е бракот, но повикувајќи се на истражувања, Долан посочува дека во просек е добар за мажите затоа што им носи подолг живот и повеќе пари, но тоа не важи секогаш и за жените. Најдолго живеат жените кои никогаш не биле во брак, кои се здрави и задоволни од животот.
На крајот, кога станува збор за децата, тие претставуваат огромно задоволство, но во исто време носат стрес, немир и загриженост. Така треба да биде, смета Долан, но не и да очекуваме децата да нѐ прават среќни засекогаш. Истражувањето покажува дека 41 процент од жените кои се во брак и имаат деца се среќни, но среќни се и 24 проценти од жените кои не се во брак и немаат деца.
Среќата, се чини, е претежно генетски детерминирана или потекнува од раното детство. Истражувањето „Соња Љубомирски: Како да се биде среќен?“ покажува дека генетиката носи 50 проценти од среќата, а само 10 проценти се одредени од ситуацијата во која живееме и колку заработуваме. Остануваат уште 40 проценти на кои можеме да влијаеме. Она што е клучно за секојдневното расположение, вели Елизабет Дан од Универзитетот во Британска Колумбија, е способноста да се балансира, како и начинот на кој го поминуваме времето.