Митрополит Тимотеј: Охридска архиепископија не е понижувачко име, во себе содржи десетвековна историја

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие нѐ признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име, со себе има една историја од 10 века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на епархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

– Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј за синодалниот акт за признавање на каноничноста на нашата црква. Тоа значи дека отсега сослужувањето со останатите православни цркви, свештенството ќе ги држи како МПЦ, истакна Тимотеј.

По седницата САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат сѐ додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА всушност никогаш не ги прекратила разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.

– Затоа велиме продолжувааат и во соопштението го потенцираме тоа дека разговорите со СПЦ продолжуваат сѐ додека не најдеме конечно решение за тој автокефален статус. Засега останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви, вели Тимотеј.

Тој се осврна и на односите меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија. Откако вчера Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, РПЦ излезе со став дека ги признава само канонските права на СПЦ во Северна Македонија.

– Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ, пред сѐ ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

Владиката Тимотеј денеска рече дека Цариградската патријаршија и Московската патријаршија го имаат прекратено евхаристиското единство.

– Не сослужуваат односно цариградскиот сѐ уште го спомнува рускиот патријарх, меѓутоа руската црква го прекина единството со сите оние што ја признаа православната црква на Украина, рече Тимотеј.

Remote video URL
Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Македонија

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Read more

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Read more

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Read more

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Read more
 

Вести

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Читај повеќе

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Читај повеќе

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Читај повеќе

Без струја делови од Карпош и Центар

Читај повеќе