МКЦ вторпат го поништи победникот за јубилејното лого

Јубилејот 50 години од постоењето на Младинскиот културен центар во Скопје сепак ќе мине без лого откако по втор пат под притисок на јавноста организаторот го поништи избраниот победник.

„На почетокот од годината во која славиме еден многу значаен јубилеј – „50 години МКЦ“, распишавме конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година. Намерата беше најискрена: како и многу пати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува“, стои во воведот на денешното соопштение објавено од МКЦ.

Првично, МКЦ го одбра решението на Милан Димитриев, но потоа го поништи откако јавноста посочи дека е ископирано.

URL
URL

Димитриев беше дисквалификуван, а потоа второрангираниот Гоце Велески прогласен како нов победник.

URL

Но, јавноста и во неговото решение најде плагијат. Така, од МКЦ објавија дека поради ваквиот развој на настаните целосно го поништуваат изборот, односно нема да се одбере лого.

URL

„Со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот“.

„50 години МКЦ“ ќе се одбележува низ цела 2022 година со разни настани. Почна на 18 јануари со Роденденот на уметноста, а ќе заврши со Роденденот на МКЦ на 28 декември.

Тагови
реклама

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе