Младите во Австрија ја тужат државата

Група австриски малолетници вчера во Виена поднесоа тужба пред австрискиот Уставен суд против австриската влада за недоволни напори во борбата против климатските промени.

„Речиси целосно неефикасниот закон за заштита на климата од 2011 година не гарантира намалување на емисиите на стакленички гасови“, се вели во тужбата што ја поднесоа десетина деца и млади луѓе на возраст од пет до 16 години. Со тоа, како што се наведува, се прекршени правата на децата и младите загарантирани со Уставот на Република Австрија.

„Ние, децата и младите, не сакаме да продолжиме да гледаме како политиката ни ја уништува иднината. Затоа одиме на суд бидејќи и ние имаме право на безбедна и среќна иднина, како што имаа нашите родители“, пишува во тужбата што беше поддржана од младинската климатска иницијатива Петоци за иднината (Fridays for Future) и еколошкото здружение CLAW.

Адвокатката Михаела Кромер, која ја поднесе тужбата во име на групата, ја објасни целта на поднесувањето на тужбата пред австрискиот Уставен суд.

„Во Австрија децата се заштитени со посебни уставни права. И овие права недвосмислено ја гарантираат заштитата на децата во однос на генерациската правда. Затоа, децата го уживаат правото на активна заштита од последиците на климатската криза“, објасни Кромер. Според неа, австрискиот закон за климата од 2011 година не ги штити доволно тужителите од опасни по живот последици од глобалното затоплување.

Затоа, целта е да се принудат властите да обезбедат заштита на нивните уставни права со преземање поостри мерки во борбата против климатските промени. Тужбата ја поддржа и австрискиот огранок на еколошката организација Гринпис, кој смета дека климатските промени особено ги загрозуваат правата на децата и младите.

„Климатската криза напредува со огромни чекори, а природните катастрофи ги загрозуваат животите на илјадници деца ширум светот“, соопшти австрискиот огранок на организацијата Гринпис. Слична тужба пред уставниот суд веќе беше поднесена пред две години во Германија. Таа тужба ја поттикна германската влада да постави нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе