ММА бара извинување од министерот Бектеши

Македонската медиумска асоцијација (ММА) на националните терестријални телевизии реагира на повторните, како што наведуваат, политички етикетирања на две нивни членки Канал 5 и Телма.

ММА очекува извинување од министерот Крешник Бектеши или како што велат ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека тој е негов прв човек.

Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и ТВ Телма денеска на прес - конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно.

-При тоа спротивно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ. Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на министерот Крешник Бектеши е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста, се наведува во соопштението од ММА.

Оттаму укажуваат дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

-Потсетуваме дека согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица, вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот министерот Бектеши, велат од ММА.

реклама

Македонија

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more
 

Вести

  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе