Многу урнати куќи од силниот земјотрес во Хрватска, не е познато дали има починати

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер ја погоди Хрватска. Епицентарот е во областа Петрињa, но земјотресот е почувствуван во цела Хрватска.

Според сведочењата на луѓето, куќите буквално се нишале од силата на потресот.

Градоначалникот  Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

Една куќа се урнала на автомобил, луѓето успеале да го спасат детето кое се наоѓало внатре, но не е позната состојбата на возачот. 

„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се сапсени од другата градинка.

Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата. Полицијата ги повика граѓаните доколку се во можност да излезат на отворен простор и да се оддалечат од објектите кои може да се урнат. 

Хрватските медиуми пренесуваат фотографии од Петриња, има доста повредени. Центарот на Петриња е урнат, а повеќето покриви на зградите и куќите се урнати.

Во делови на Хрватска нема електрична енергија, а телефонските линии се во прекин.

Земјотресот е почувствуван во Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.

По силниот земјотрес, почувствувани се два нови потреси со јачина од 4 степени.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе