Тедрос Аданом Гебрејесус се огласи по веста дека некои земји, дури и оние во ЕУ, ја запираат вакцинацијата против коронавирус со вакцината AstraZeneca.
Тој рече дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу формирањето на тромбови и вакцината AstraZeneca и дека ниту една земја не треба да паничи поради тоа.
„Не сакаме луѓето да паничат“, рече Соумија Свамината, главен научник во СЗО, за време на видео обраќањето, додавајќи дека не постои недвосмислено докажана врска помеѓу тромбофилијата и вакцината на AstraZeneca против COVID-19.
Исто така, советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината AstraZeneca, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија и други земји.
„Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинацијата против COVID-19, но вообичаена практика е да се испитаат и тоа покажува дека системот за надзор функционира и дека има ефективни контроли“, рече Тедрос за време на онлајн брифингот.