МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани добија по 100.000 денари

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Извлечени се 15-те најсреќни граѓани кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни и добија награда од по 100.000 денари.

Како што информираат од Министерството за финансии, станува збор за Валентина Ѓуроска, Нацо Запров, Јуле Тасевска Марков, Наталија Грчева, Сузана Антовска, Слаѓана Јовческа, Виолета Георгиева, Славица Димоска, Сузана Димитрова, Ивица Јаначков, Наталија Велиновска, Влатко Масалковски, Мухамед Мамуди, Јасмина Каранфиловска и Ванчо Ѓорѓевски. Тие беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Петмина од наградените во петтото коло се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Битола и по еден од Прилеп, Гостивар, Охрид, Крива Паланка, Струга и Тетово.

Од Министерството за финансии велат дека во останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Инаку граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари.

Извлекувањето на втората премија, ќе се одржи во декември, а ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано.

-Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од COVID-19, велат од Министерството за финансии.

При тоа 9,7 милиони денари од наградниот фонд, како што посочуваат, ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки.

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.

Во првото полугодие годинава скенирани се над 85 милиони фискални сметки.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе