МОН и Комисијата за заразни болести по викендов ќе ги утврдат протоколите за училиштата

Скопје, 31 јули 2020 (МИА) – Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести во вторник или среда, за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од COVID-19. 

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека работната група и за време на продолжениот викенд ќе работи за да ги финализира сите детали во документите што ќе им бидат претставени на членовите во Комисијата со која и досега имале консултативни средби.

Конечната верзија, како што рече, потоа треба да помине на седница на Влада, можеби уште на првата закажана по празникот – в среда, и се надева дека до петок усвоената верзија веќе ќе им биде пратена на училиштата за да се подготват и приспособат според своите услови. На 10 август ќе биде презентирано и за јавноста.

-Имаме модели и оставаме самите локални самоуправи, кои имаат и кризни штабови, да направат проценка кој модел што ќе го понудиме и во кој период ќе биде корисен според епидемиолошката слика. Наш генерален став, како и во повеќето земји во светот, е наставата да се организира со физичко присуство на учениците и со почитување на мерките за заштита. Тоа ќе зависи и од средината, дали има или нема заболени од вирусот.  Нема да биде проблем за помалите и руралните средини со помал број ученици. Наставата со физичко присуство ни е важна за основците, особено за најмалите, од прво до трето одделение, кои не може да се описменуваат прелу компјутер, а има и родители кои не можат или не знаат да им помогнат. Тука е многу важна и социјализацијата на тие деца, изјави Наумовска за МИА.

Онаму каде што ќе има учење од далечина, рече таа, не значи дека моделот е-настава ќе се применува во текот на целата учебна година, туку додека трае опасноста од вирусот и ќе може да се преминува од еден во друг модел.

Комбинираната настава би се применувала со ротации  на учениците од една паралелка – едни кои ќе одат во училиште и други  кои од дома онлајн и во исто време ќе ја следат наставата. Ротирањето би било на две недели. Така би се растоварил и превозот на учениците, зашто протоколите за превоз, исто така, налагаат најмногу 50 отсто исполнетост од капацитетот на возилото.

Во мали и рурални средини во одделение има од четири до шест ученици кои физички може да бидат присутни во училиштето, така што комбинираната настава е во план за поголеми паралелки кои се и најголем проблем.  За оние со максимален број, 34 ученици, во Скопје и во други големи градови ќе бараат, рече Наумовска, општините да помогнат со дополнителен државен простор каде што учениците ќе може да бидат распоредени.

Независно кој модел на настава ќе биде избран, предвидено е часовите да бидат скратени, а за најмалите да траат 20 минути. За е-настава ќе се дефинира платформа што ќе се применува на ниво на училиште, но може да се разликува од едно до друго училиште. За наставниците да бидат исто ангажирани во онлајн-наставата и за да нема оправдувања дека немале опрема или интернет-пристап, се предлага наставата од далечина да ја реализираат од училиштето.

Откако ќе бидат донесени протоколите, директорите на училиштата ќе имаат една недела да направат план за своето училиште според насоките од МОН затоа што, рече Наумовска, тие најдобро ја знаат состојбата на свој терен и како најдобро да ја изменаџираат состојбата.

– Најважно е што за секој модел на настава учениците ќе бидат безбедни доколку се следат насоките и бидат почитувани протоколите за заштита, нагласи заменик-министерката за образование и наука. хс/лв/

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе