МОН: Ниеден ученик нема да остане без учебници, печатените не се укинуваат

Министерството за образование и наука ги негира обвинувањата од опозицијата дека ќе се укинат печатените учебници.

„Министерството за образование и наука потсетува дека, како што и беше најавено, од следната учебна година ќе се примени комбиниран начин на учење кој подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници“, стои во соопшението на министерството.

Се веле и дека за учениците од I до III одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос на детето кон книгата. Додека за учениците од IV и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки. Но, доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено. Додека лектирите и понатаму ќе бидат достапни само во печатена форма.

„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“.

За првпат од учебната 2021/22 година сите учебници ќе бидат достапни во аудио формат и на Брајово писмо за потребите на учениците со оштетен вид. Преку новиот Закон за учебници се бришат и нелогичностите во одредени содржини.

„Новиот Закон за учебници има строго утврдени правила по кои ќе се одобруваат и печатат книгите. Министерството за образование и наука нема да дозволи несоодветни содржини да бидат дел од материјалот кој го изучуваат ученици. Во иднина наместо дискриминирачки и омаловажувачки текстови ќе зборуваме за квалитет“.

„По однос на изнесувањата дека 10% од учениците не се вклучени во наставата, должни сме да информираме дека се работи за апсолутна невистина, бидејќи преку хибридниот модел на настава (со физичко присуство, онлајн настава, достава на печатени материјали и едукативни емисии на МТВ) правото на образование никому не е скратено“.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Македонија

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Read more

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Read more

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Read more

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Read more
 

Вести

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Читај повеќе

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Читај повеќе

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Читај повеќе

Без струја делови од Карпош и Центар

Читај повеќе