Мумиите откриваат: Која болест била најчеста кај децата од древниот Египет?

Кога ѕирнале под завоите на мумифицираните деца, научниците откриле која болест е најзастапена меѓу нив.

Меѓународен тим од палеопатолози предводен од Стефани Панцер собрал над 20 древни египетски мумии на деца, со цел да откријат од кои болести најмногу страдале. А причината за вакво нешто лежи во фактот што мумифицираните остатоци се уникатно зачувани и даваат повеќе информации за животот во минатото отколку скелетните остатоци.

За да дојдат до каков било заклучок, по CT скенирањето, ја пресметале густината на коските на испитаниците и ги споредиле резултатите. Сè укажувало дека 7 од 21 детска мумија имале јасни и впечатливи знаци на анемија, т.е. истакнат фронтален свод на черепот.

URL

Една од детските мумии имала и траги на болест позната како таласемија, наследно пореметување поради кое човечкото тело не може да произведе доволно хемоглобин. На истата мумија на која ги воочиле јасните знаци на болест на крвта, откриено е и дека има невообичаено голем јазик, што укажува на Беквит-Видемановиот синдром.

Проценките се дека детето починало на возраст од 1 и пол година и тоа токму поради горенаведените болести. Кај останатите деца утврдениот распон на старост во моментот на смртта изнесувал од 1 до 14 години, со тоа што, како што истакнуваат научниците, кај останатите не може да се утврди што точно било причина за настанатата смрт.

Сепак, за научниците ова се доволно информации за да дојдат до заклучок дека анемијата била широко распоространета во древниот Египет поради фактори како неухранетост, паразитски инфекции и генетски пореметувања.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието International Journal of Osteoarchaeology.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе