Мурињо импресиониран од 20-годишниот Бове: Игра како 30-годишен професионалец

Филип Здравески
/ 12.05.2023 / 14:35

По синоќешната победа над Баер Леверкузен во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа, португалскиот стратег не штедеше зборови за младиот Италијанец, кој и беше стрелец на единствениот погодок.

Едоардо Бове има само 20-години, а за некој ден ќе полни 21. Роден е на 16 мај 2002 година во Рим. Од мал е во Рома минувајќи ги сите младински категории. Игра во средината, а најмногу му лежи улогата како треквартиста.

Синоќа во 63. минута се прошета низ половината на гостите од Леверкузен, го проигра Теми Ејбрахам чиј шут беше одбранет од Лукаш Храдецкиј, на одбиената топка налета Бове и биеше неодбранливо.

Remote video URL

„Напорно тренира и напредува. Бове има голем талент и како играч и како личност. Тоа што стигна до тука е заслуга на неговата фамилија. Тој е едуциран, со академско образование. Тој е професионалец за пример, се чини како да е 30-годишен играч, а не толку младо момче. Минатата сезона играше по 5 минути, сезонава по 20, па по 30, а сега стана стартер. Напредуваше на емоционално ниво. Јас си ја одработив мојата работа, му помогнав да напредува. Лично не ја познавам неговата фамилија, но сигурно се од високо ниво штом вака го израснале“, рече Мурињо.

Бове студира економија и менаџмент на приватниот универзитет „ЛУИСС Гуидо Карли“ во Рим. Вели дека негова инспирација е клупската легенда Даниеле Де Роси.

Моменталната вредност според Transfermarkt му изнесува само 3 милиони евра, но тоа сигурно наскоро ќе се промени. Со „Волчицата“ има договор до јуни 2025 година. Сезонава одигра вкупно 27 натпревари и постигна 2 гола, од кои 18 натпревари во Серија А (1 гол), 8 во Лига Европа (1) и 1 во Копа Италија.

URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе