МВР постапува по пријавени инциденти на избирачки места

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кога дошле полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од полицијата е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

-Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ, соопшти МВР.

По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар на ул.„Едвард Кардељ“,  во 12.55 часот е побарана интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. (30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13.15 часот тој е приведен во ОВР-Дебар.

Во 13:10 часот на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево, заменик-претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 12:40 часот од претседателот на Избирачкиот одбор на гласачко место бр.2909 во ОУ „Живко Брајковски“ во Скопје е пријавено дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 10:45 часот М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ „Кире Гаврилоски“, каде Џ.П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка „ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе