може да предизвика тешки последици

МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни

Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Студеничани е разгледана на денешната вонредна седница на Советот на општината, на која присустувале градоначалникот Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски.

Од МВР информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на оваа општина е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување.

Од Министерството потенцираат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа, како што велат, може да предизвика тешки последици.

– Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), потенцираат од Министерството за внатрешни работи и најавуваат дека ваквите активности во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе