МЗ: Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чувствуваат добро

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чувствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44-годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена која беше на перитонеална дијализа, информира Министерството за здравство.

„Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е стабилна. Вчера имаше неколку ревизии, имаше некои мали крварења после што се најдоа некои технички извори на крварења што се решија и денеска е дефинитивно стабилна ги нема тие знаци што ги имаше вчера. Јас верувам дека тоа значи дефинитивно стабилизирање на состојбата, дека нема да се случи некаква друга хируршка компликација“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека тоа се информации од изутрината и непосредно пред настанот телефонски зборувал со докторите кои ја следат нејзината состојба.

„Верувам во таа насока ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Сега е ситуација кога секој час, секоја минута е битна. Се пратат параметрите на секој час и во делот на анализа на крвната слика и во делот на параметрите на дишењето, работата на срцето. Се уште е рано, меѓутоа добри се знаците“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

Во процесот на трансплантација на бубрези, додаваат, учествуваа лекари од Клиника за нефрологија – проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ. Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот  инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.

Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе