АБА2 ЛИГА 2020/21

МЗТ драстично ослабен во Златибор

Екипата на МЗТ ќе биде драстично ослабена на претстојниот балон од АБА2 лигата во Златибор, со оглед што во последен момент од тимот отпаднаа дури тројца кошаркари и двајца од стручниот штаб.

„Екипата во соседна Србија отпатува без Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, кои се посериозно повредени и без кои може да бидеме (по)долго време“, информираат од таборот на аеродромци.

„Првиот потешко го повреди коленото, за кое лекарите се сомневаат дека има скинати предни лигаменти, дијагноза која допрва треба да се потврди. Ако се остварат црните најави, тогаш високиот центар дефинитивно нема да може да ѝ помогне на екипата до крајот на сезоната. Вториот, пак, има повреда на задната ложа, која воопшто не е наивна и поради која ќе мора да мирува најмалку две недели, а потоа ќе треба да мине и низ период на рехабилитација“, соопшти клубот.

Во Скопје остана и Андреј Магдевски, кому денес му завршува периодот на изолација по прележаниот коронавирус, поради кој ги пропушти последните средби како и голем број тренинзи.

На пат кон Златибор не тргнаа ниту новите членови на стручниот штаб Васко Атанасов и Михајло Шејкеровски, кој ќе ја има улогата на кондициски тренер, кои исто така беа позитивни на последната проверка за COVID-19 пред тргнувањето кон Србија.

Поради сето ова, МЗТ на средбите против Спарс (вечерва од 21 часот), Горица (четврток) и Златибор (недела) ќе настапи со 9 кошаркари во ростерот.

„Сино-белите“ по 10. кола се на четвртата позиција на табелата со скор од 6 победи и 4 порази.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе