На ирски фудбалски репрезентативец му е дијагностициран аутизам

Ирскиот фудбалски репрезентативец и играч за врска на англискиот второлигаш Виган, 33-годишниот Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам.

МекКлин ја откри дијагнозата во вторникот во објава на Instagram за време на Светската недела на аутизам, додавајќи оти побарал лекарска проценка на нарушување на спектарот на аутизам (АСД), откако заедно со сопругата Ерин препознале дека споделува некои особини со една од своите ќерки Вилоу-Ајви.

„Како што сите знаете, мојата ќерка Вилоу-Ајви има аутизам. Последните четири години ѝ го променија животот на неверојатен начин, но понекогаш беа и многу тешки, бидејќи нејзиниот татко ја гледаше како премостува толку пречки во својот живиот и учи да се справува со предизвици со кои секојдневно се среќава“, напиша МекКлин во воведот на својата емотивна објава.

„Гледам толку мали особини во неа кои ги гледам и кај себе, па затоа одлучив да извршам проценка на АСД. Беше тоа мало патување и сега по дијагнозата чувствувам дека е време да споделам со вас, во неделата која е во нејзиниот знак. Некое време дебатирав ова да го споделам со јавноста бидејќи тоа го сторив за Вилоу-Ајви за да ѝ дадам до знаење дека ја разбирам и оти тоа што има аутизам нема и никогаш не би требало да ја спречи во постигнување на своите цели и соништа. Татино девојче“, напиша ирскиот репрезентативец.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by James McClean (@macajw)

Ден претходно МекКлин го одигра 98. натпревар во кариерата за Ирска кога во понеделникот влезе од клупата за резерви на дуелот против Франција (0:1) во квалификациите за ЕУРО 2024.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе