На која осовина да го ставите подобриот пар гуми – напред или назад?

Одговорот може да ве изненади.

Понекогаш ќе замениме само еден пар гуми, а дури и да не го правиме тоа, гумите на погонските тркала повеќе се трошат. Кога е време за промена на гуми (летни со зимски), што да се прави со двата пара гуми, од кои едниот е повеќе истрошен?

На која осовина да ги ставиме гумите со подлабока „шара“ а на која поизабените? Важно прашање. Впрочем, трошењето на гумите на погонската осовина е значително поголемо поради зголеменото оптоварување.

На задната осовина секогаш треба да се поставуваат подобрите гуми, без разлика на видот на погонот, објаснуваат од германскиот TÜV. Тоа е клучно за стабилноста на возилото.

Како што пренесува Auto-Zeitung, со полоши гуми на задната осовина, задниот дел од возилото може да „забегува“, односно да се пренасочува, особено во кривини.

Сепак, не ги занемарувајте предните гуми, кои секогаш треба да имаат доволна длабочина на профилот, бидејќи тие се исклучително важни за прецизноста на управувањето, однесувањето во управувањето, сопирањето на влажни коловози, на мраз и снег.

Тие исто така играат важна улога во одржувањето на насоката на движење во случај на аквапланинг.

За да се избегне претерано различно абење, гумите на предната и задната осовина треба да се „ротираат“ на секои 10.000 до 15.000 километри.

реклама

Авто новости

Познати финалистите за наградите Светски автомобил на годината

Read more

Колку повеќе гориво ви троши автомобилот на минусни температури?

Read more

BMW не се откажува: „Бубрезите“ уште повеќе ќе растат

Read more

Ferrari најави 4 нови модели за годинава

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Познати финалистите за наградите Светски автомобил на годината

Читај повеќе

Колку повеќе гориво ви троши автомобилот на минусни температури?

Читај повеќе
  • play_arrow

BMW не се откажува: „Бубрезите“ уште повеќе ќе растат

Читај повеќе

Ferrari најави 4 нови модели за годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се чува и вози автомобил на -50°C?

Читај повеќе

Golf двојка се шитна за рекордни 87.000 долари

Читај повеќе

BMW и Volkswagen објаснија зошто се против стандардот Euro7

Читај повеќе

Бонус од 13.500 евра за работниците во Ferrari

Читај повеќе

Како се покажа Tesla Model S во зимски услови?

Читај повеќе