На напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, му е искршена вилицата за време на грабеж во неговиот дом, објави The Athletic.
Нападот се случи во понеделникот вечерта, во неговиот дом во предградие на Барселона. На фудбалерот ќе му треба извесно време за заздравување на скршеницата.
Ова може да биде проблем за преселбата во Челси. Времето на закрепнување зависи од тоа дали Обамејанг се согласува на операција.
Според шпанските медиуми, ова може да потрае околу еден месец.
Обамејанг не учествуваше на натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Ваљадолид (4:0), но сепак беше заведен во записникот како резервен играч.