На Попова Шапка утрово измерени -12 степени

Во повеќе градови и населени места, како и на планините утрово беа измерени минусни температури. Најниска беше температурата на Попова Шапка, 12 степени Целзиусови под нулата.

Во Маврови Анови беа измерени -7 степени, во Берово и Крушево -6, во Дебар -4, во Струмица и во Охрид -3, во Прилеп, Претор и Крива Паланка -2, во Битола и Виница -1, во Куманово, Штип и Тетово 0 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец 1 степен, во Демир Капија, Дојран и Гевгелија 2 степена.

Најмногу снег од 76 сантиметри има на Попова Шапка, во Маврови Анови 16, во Лазарополе 10, во Крушево 6 и Ѓуриште 3.

Утрово на повеќе места е значително облачно, а делумно намалена облачност има во јужните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, наместа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

реклама

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Read more

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Како се одмаздуваат хороскопските знаци?

Read more

Македонија

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Read more

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Read more

Сончево и топло со температури до 35 степени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Читај повеќе

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Читај повеќе

Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче

Читај повеќе

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Читај повеќе

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Читај повеќе

Европскиот парламент остана без пратеници Роми

Читај повеќе
  • play_arrow

Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД

Читај повеќе

Сончево и топло со температури до 35 степени

Читај повеќе

Без вода дел од Општина Карпош

Читај повеќе