ЛА ЛИГА 2022/2023

На последниот натпревар во кариерата Пике го опцу судијата и доби црвен

Жерард Пике на својот последен натпревар во кариерата синоќа на гости кај Осасуна како резерва го пцуеше главниот судија и заработи исклучување.

Барселона синоќа гостуваше во Памплона кај незгодната Осасуна, а на полувреме имаше негатива од 1:0 и играч помалку откако Роберт Левандовски во 31. минута доби втор жолт картон.

Откако се прости од публиката на „Камп Ноу“, за Пике овој натпревар требаше да биде последен во кариерата. Почна од клупата за резерви и не дочека да влезе во игра бидејќи на полувремето му пријде на судијата Хесус Хил Мансано и, како што пренесуваат шпанските медиуми, му го изнакажал сѐ она што изминатите години не можел да му го каже поради страв од суспензија.

Пике на Мансано му рекол дека со години наназад намерно ја оштетувал Барселона, а конкретно во синоќешниот натпревар Каталонецот се жалел на црвениот на Левандовски и голот на Осасуна, за што сметал дека секунди претходно имало прекршок над Маркос Алонсо.

Но, Пике своите критики не ги изнел на цивилизиран начин.

„Виде ли бе како го постигнаа голот од корнер? Ти си судија кој досега најмногу нѐ еб*ваше! Ова е еб*на срамота! Да ти се посерам на мајка ти еб*на!“, се зборовите кои главниот судија Мансано ги навел во извештајот дека Пике му ги кажал.

URL

Пике и претходно имаше недоразбирања со Мансано и тоа последниот пат во април 2021 кога на крајот од натпреварот му пријде и го праша зошто судиското надополнување траело кратко, по што доби црвен.

Исто така, по дуелот против Жирона на 23 септември 2018, Лео Меси одби да се ракува со Мансано бидејќи сметашпе дека ја оштетил Барса.

Навивачите на Барса на социјалните медиуми масовно изразуваат поддршка за Пике бидејќи и самите сетаат дека Мансано навива за Реал Мадрид, а ги мрази Барселона и Атлетико. Доказ аз тоа, тврдат, може да се види и во статистиката.

Мансано веќе 10 години како суди во ла Лига, а на Барселона ѝ има доделено 9 црвени катони во 33 натпревари на кои ѝ судел, а на Атлетико 8 на 31. Од друга страна, на Реал му дал само 1 црвен во 29 натпревари.

Пике синоќа остана без можност да запише последни минути во дресот на Барселона, па остана на 616 настапи во кои освои 8 титули во ла Лига и 3 во Лигата на шампиони.

На меѓународна сцена во дресот на Шпанија ги освои Мундијалот 2010 и ЕУРО 2012, а запиша вкупно 102 настапа.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе