На прагот на револуционерно откритие: Француски лекари вратија вид кај слеп човек

Новите откритија докажуваат дека оптогенетиката е терапија на иднината кога станува збор за враќање на видот.

Кога ги видел обоените ленти на пешачкиот премин, сфатил дека терапијата е успешна. Французинот, чиј идентитет не е откриен, повеќе од 40 години страдал од ретинитис пигментоза, наследна болест на окото што предизвикува сериозно оштетување на видот, односно смрт на фотосензитивните клетки на површината на мрежницата. Тој бил целосно слеп 20 години. Денес, може да препознава и брои предмети на масата, како и да ги земе.

По овој успех, научниците се убедени дека можат да го олеснат животот на милиони луѓе ширум светот.

Биолошката терапија, т.н. оптогенетика, е посебен процес во кој се користат протеини за да се врати контролата врз клетките во позадината на окото, пренесува BBC, повикувајќи се на списанието Nature Medicine.

Повеќе од два милиона луѓе ширум светот се соочуваат со овој проблем. Слепилото е ретко, но можно, како во случајот со човекот од Бретања, кој беше опериран во Париз.

Што е оптогенетика?

Иако долго време се изучуваше како дел од невронауката, ортогенетиката е релативно ново поле во медицината. Едноставно кажано, оваа терапија користи светлина за точно да влијае на активноста на клетките во мозокот.

Во случај со човекот од Бретања, научниците и лекарите успеале да овозможат едното око на пациентот да препознае светлина, пишува BBC. Техниката се базира на протеини произведени од алги наречени каналрододопсини, кои го менуваат начинот на однесување кога ќе дојдат во контакт со светлината. Микробите, на пример, ги користат за да се приближат до светлината.

Првиот чекор во третманот била генетска терапија. Генетските упатства за производство на родопсин се земени од алгите и се „предадени“ на употреба на клетките во длабочината на мрежницата. Кога клетките биле погодени од зрак светлина, тие започнале да испраќаат електрични сигнали до мозокот. Постапката работи само кога клетките се изложени на т.н. килибарна светлина, а пациентот носи очила со видео камера на челото и проектор, со цел да проектира верзија за тоа што се случува во реалниот свет во позадината на неговото око.

Потребни биле месеци работа сè додека не се создало доволно количество родопсин во окото и додека мозокот научи нов „јазик“ и не започне да ги регистрира работите. Првиот знак дека терапијата ќе биде успешна се случила при една прошетка, кога пациентот одеднаш почнал да препознава форми на пешачки премин.

Д-р Хосе-Алан Сахе од Институтот за вид во Париз вели дека пациентот првично бил малку фрустриран од фактот што постапката траела толку долго.

„Но, како што можете да си замислите, тој беше многу возбуден кога започна да ги препознава работите. Сите бевме возбудени. Неговиот вид сè уште не е сјаен, но разликата помеѓу непостоечко и ограничено гледање е нешто што ги менува животите“, вели тој.

Огромни можности

Ботонд Роска од Универзитетот во Базел вели дека новите откритија докажуваат дека оптогенетиката е терапија на иднината кога станува збор за враќање на видот.

Сепак, тоа е само една од многуте техники со кои лекарите ширум светот се обидуваат да го вратат видот на луѓето. Многумина се „ангажирани“ во санирање на генетски проблеми кои предизвикуваат проблеми со видот, но кај ретинитис пигментоза тоа е особено тешко бидејќи може да биде предизвикано од мутации на повеќе од 70 различни гени. Некои научници, на пример, се обидуваат да го вратат видот на пациентите со поврзување на видео камера со електроди вградени во задниот дел на окото.

За можностите за примена на оптогенетика се верува дека се огромни, а некои се залагаат за употреба на истата техника во третманот на Паркинсонова болест, па дури и при закрепнување од мозочен удар.

Британскиот професор и експерт за болести на мрежницата, Џејмс Бејнбриџ, смета дека студијата е исклучително ветувачка, но дека резултатите допрва треба да се видат на други теми, бидејќи сега е спроведена само на еден пациент.

„Оваа нова возбудлива технологија може да им помогне на луѓето со сериозни оштетувања на видот“, тврди тој.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе