На секои шест секунди се уништува прашума со големина на фудбалско игралиште

МИА/КАЈГАНА
/ 07.06.2020 / 10:55

Огромни подрачја од исконските прашуми минатата година се претворија во чад, а подрачје со големина на Швајцарија беше исечено за да се направи место за одгледување стока и комерцијални посеви, соопштија научниците.

Сателитските снимки покажуваат дека една третина од загубите се во Бразил, а Демократска Република Конго и Индонезија се на второ и трето место, соопшти организацијатра Global Forest Watch.

Минатата година се уништени 38.000 квадратни километри прашума, што е еквивалент на површината на фудбалско игралиште на секои шест секунди.

Вкупното подрачје на тропските шуми уништени во пожарите и со булдужерите, всушност, лани е трипати поголемо, но посебно се скапоцени примарните девствени шуми, односно прашумите што ги создаде природата и кои се развиваат без никакво влијание на цивилизацијата.

Недопрени од модерниот развој, тие се засолниште на разновидни диви животни и во себе „заклучуваат“ огромни количества јаглерод. Кога горат, јаглеродот оди во атмосферата како штетен CO2.

– Ако отсега никој не би ги допрел, на шумите ќе им бидат потребни децении, дури и векови да се обноват во изворната состојба, изјави Микела Вајс од Global Forest Watch.

Шумските пожари што минатата година проголтаа делови од Бразил ги полнеа насловните страници на светските медиуми, но тие не се главна причина за дефорестација на исконските прашуми. Примарен проблем е илегалната сеча, најчесто во подрачја што се населени од автохтони народи.

А, тоа беше многу пред претседателот Жаир Болсонаро да најави ублажување на законите, со цел во заштитените подрачја да се олесни комерцијалното рударство и земјоделство, како и експлоатација на нафта и гас. Сето тоа би можело дополнително да ја прошири дефорестацијата.

Но, во Индонезија минатата година се уништени пет отсто помалку шуми, нешто повеќе од 3.000 квадрартни километри, што трета година по ред бележи пад и речиси трипати помалку од 2016 година, кога беше најлоша ситуацијата.

– Индонезија е една од ретките светли точки во глобалните податоци во тропската дефорестација во последните неколку години, посочи Вајс.

Тропските системи се ранливи на климатските промени и експлоатацијата. Според студијата од март, Амазонската прашума се приближува на прагот на дефорестација од каде што нема веќе враќање, ќе се преообрази во аридна савана за само половина век.

Други земји кои минатата година изгубија најмногу примарни девствени прашуми се Перу, Малезија, Колумбија, Лаос, Мексико и Камбоџа.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе