На вториот ден од EXIT полицијата пронајде дрога кај 53 лица

Полицијата на вториот ден од музичкиот фестивал EXIT во Нови Сад заплени разни видови наркотици од 53 лица против, кои ќе бидат поднесени кривични пријави, јави дописникот на МИА.

– Припадниците на МВР во вториот ден од EXIT запленија различни видови наркотици од вкупно 53 лица, а 19 лица се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во него се додава дека кај приведените лица била пронајдена помала количина марихуана, кокаин, екстази како и други психоактивни супстанции.

Според соопштението, кај 46 лица дрогата е пронајдена на подрачјето на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, каде се одржува фестивалот.

Против сите осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење опојни дроги.

Полицијата на првиот ден од фестивалот EXIT кај 34 лица запленила повеќе од 6 килограми различни видови наркотици.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, по наредба на министерот за внатрешни работи Александар Вулин, продолжуваат со интензивирање на контролата на просторот каде што се одржува фестивалот EXIT.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе