НБА 2023/2024

На Запад ништо ново: Дончиќ и Јокиќ продолжија да носат победи

Во НБА, особено во Западната конференција, би се рекло – ништо ново. Лука Дончиќ и Никола Јокиќ продолжија да им носат победи на Далас и Денвер, а интересно е што нивните екипи синоќа постигнаа идентичен број на поени, по 142.

Далас Маверикс победи на гостувањето кај Детроит Пистонс со 142:124, а Лука Дончиќ забележа трипл-дабл.

Одличниот Словенец мечот го заврши со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции, со што Дончиќ го престигна Расел Вестбрук и стана првиот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл со најмалку 30 поени во 6 последователни натпревари.

URL

На другата страна не помалку впечатлив беше Кејд Канингем со 33 поени, 9 скока и 10 асистенции.

Remote video URL

Денвер Нагетс на домашен терен ја победи Јута Џез со 142:121, а Никола Јокиќ запиша 26 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Само Џамал ​​Мареј со 37 поени беше поефикасен од него во редовите на Денвер.

Remote video URL

Ни дабл-даблот на босанскиот центар Јусуф Нуркиќ не беше доволен за Феникс Санс да го победи лидерот Бостон Селтикс. Нуркиќ натпреварот го заврши со 11 поени, 11 скока и 4 асистенции, а феноменалниот Кевин Дурент постигна 45 поени со 10 скока и 6 асистенции.

Одличен беше и Бредли Бил со 25 поени, но ниту тоа не му помогна на Феникс да го избегне поразот број 27 сезонава.

Во редовите на најдобриот тим на Источната конференција најдобри беа Џејсон Тејтум со 29 поени, 10 скока и 7 асистенции и Џејлен Браун со 27 поени.

Remote video URL

Резултати:

Лос Анџелес Клиперс - Чикаго Булс 112:102
Шарлот Хорнетс - Бруклин Нетс 110:99
Детроит Пистонс - Далас Маверикс 124:142
Голден Стејт Вориорс - Сан Антонио Спарс 113:126
Феникс Санс - Бостон Селтикс 107:117
Денвер Нагетс - Јута Џез 142:121
Портланд Треил Блејзерс - Торонто Репторс 128:118 (прод.)

Табела:

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе