ЛИГС КУП 2023

На Запад ништо ново: Меси повторно двоен стрелец во новата победа на Интер Мајами

Чудесниот Лионел Меси продолжува да ги решета противничките мрежи во дресот на Интер Мајами. Овој пат беше двоен стрелец во осминафиналето од американско-мексиканскиот Лигс куп против Далас.

Меси го доведе Интер Мајами во водство во 6. минута. Жорди Алба мина по левата страна и одигра повратно додавање за Аргентинецот, кој од 18 метри извонредно погоди за 1:0.

URL

Факундо Кињон во 37. минута и Танзаниецот Бернард Камунго во 45-тата се погрижија за пресврт и Далас на одмор замина со предност од 2:1. Кога Алан Веласко во 63. минута зголеми на 3:1, се чинеше дека Меси ќе го доживее првиот пораз во САД. Бенџамин Кремаски во 65-тата намали на 3:2, а голот за 4:2 всушност беше автогол на Финецот Роберт Тејлор.

Интер со автоголот на Марко Фарфан во 80. минута намали на 4:3, а потоа на сцена стапи Меси во 85. минута. Како и безброј пати до сега, тој го изведе слободниот удар толку прецизно колку што не можеше попрецизно и погоди за 4:4.

URL

Според правилата, веднаш по крајот на натпреварот започна пенал-рулетот. Прв погоди Меси, а го следеа сите негови соиграчи, додека Пекстон Помикал промаши во редовите на Далас, а во четвртфиналето се пласираше Интер Мајами со победа од 5:4 на пенали.

Remote video URL

Интер Мајами во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шарлот и Хјустон Дајнамо.

Меси на четирите претходни натпревари во дресот на Интер Мајами славеше исто толку пати. Постигна 7 гола, забележа 1 асистенција, а беше прогласен за најдобар играч на сите четири натпревари.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Фудбал

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more
 

Спорт

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе