Надал: Играм голф, не сум голем љубител на фитнес

Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал ги искажа впечатоците по победата над Јаник Ханфман, во второто коло на Австралија Опен.

Натпреварот траеше 2 часа и 42 минути и заврши со резултат 6:2, 6:3, 6:4.

– Го знам од претходно, ако не се лажам веќе игравме во првото коло на Ролан Гарос пред неколку години. Знаев дека е опасен, а резултатот против Танаси Кокинакис во првото коло покажа дека му оди одлично. Неговото ниво беше многу повисоко од она што го покажува неговиот рејтинг. Му посакувам успешни резултати, тој е одлично момче, изјави Надал.

Шпанецот зборуваше и за тоа како работи на својата физичка подготвеност.

– Играм голф. Да бидам искрен, не сум голем љубител на теретана. Повеќе сакам да играм. За жал, во последните неколку години, поради повреди на коленото и стапалото, не се занимавам со различни спортови толку често како порано. И сега треба повеќе да се фокусирам на она за што не размислував во минатото. Така, сега поминувам околу час и половина дневно во фитнес центри. Но, искрено, никогаш не сум се билдал многу, истакна Надал.

Во следното коло, Надал кој е шести носител на Грен слемот во Мелбурн, ќе се соочи со Русинот Карен Качанов. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе